(ВИДЕО) „Грујчето“ само за избори ни иде, кога ги фрламе праските никаде го нема

Овоштарите  од Росоманско маки мачат со пласманот на праските. Нивната лоша земјоделска година продолжува. Прво им измрзнаа, па град ги удри праските и лозјата и на крајот ем помал род ем нема пласман. Цената е катастрофално ниска, трговците ги уценуваат, а владата никаде ја нема.

– Состојбата е катастрофа, нема пласман, нема ништо. Праската е катастрофа, 8 денари, патлиџанитe 5 денари, бостанот 2 денари. Нема ништо, само се чукаат во гради. земјоделецот е на нула, скроз, утепан. На кого да се жалиме, „Грујчето“ иде само за избори кога му требаат гласачи инакаку никој пат не е дојден, да рече чекај да видиме што е – вели земјоделец од Росоман.

 

Исти се изјавите и на останатите земјоделци, без разлика дали продаваат праски, грозје, сливи или пиперки. Незаштитени од државата, без ладилници, со скапи репрпматеријали, така се  препуштени на самоволието на трговците и откупувачите.

pazar_rosoman

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести