Критично во Пелагонија: Ако за два дена ЈП Стрежево не пушти вода, целосно ќе се уништи родот на земјоделците

Повеќе од месец дена трае голготата на земјоделците од Пелагонија кои вода чекаат од ЈП Стрежево. Иако ги имаат подмирено сите давачки кон претпријатието и вода во браната има, нивните насади со пипер, бостан, тутун и посевите со сончоглед и пченка се сушат.

Алармирале во неколку наврати, се обратиле и до ЈП Стрежево но вода сеуште нема.

lence_egri

Најкритично е во селата Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгарино, Драгожани, Трн, Карамани, Могила, Егрирџ и други коишто речиси секојдневно се без вода.

–  Нема вода, притисокот е слаб, треба цел ден да наводнувам во едно место само јас, а камоли комшијата со нивата. Со  тој притисок ние што работиме со бренери повеќе штета правиме, така  производот се уништува. Инаку се ни е платено што треба. Ова е нешто е смислено за да се уништи  земјоделцот од Пелагонија- изјави Гоце Талевски од село Егри.

susha_soncogled

 

Како поткрепа на сомневањата дека намерно не добиваат вода за наводнување, земјоделците од Егри посочуваат дека во близина на селото има намерен испуст на вода од ЈП Стрежево кој од 5 канал оди во Црна река. Или се работи за дефект но иако алармирале жителите на село Егри, сепак ништо не е превземено од страна на Јавното претпријатие.

ispust_strezevo ispust_strezevo2

ispust_strezevo3

ispust_strezevo6

За проблемот со наводнувањето реагираше СДСМ

Ние сме постојано на терен со земјоделците и според информациите од теренот проблемот произлегува од ненавремената санација на свлечиште на главниот канал, уште од февруари, за време на поплавите – изјави Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола.

Ј.П Стрежево и Владата на РМ како негов оснивач треба сега да објаснат на граѓаните, зошто не реагираа половина година досега?!

СДСМ веќе реагираше дека итно мора да се пушти вода во пелагонискиот регион.

lucerka_susha

Бидејки до сега нема реакции од надлежните,

Бараме земјоделците да бидат обештетени за последиците од штетите што им се нанесени со недостигот на вода и ненавременото наводнување.

Во меѓувреме инсистираме, надлежните институции и органи, ВЕДНАШ да обезбедат непрекинато водоснабдување до сите делови на Пелагонија.

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести