– Моменталната состојба во земјоделието е катастрофа. Се е уништено, системи за наводнување никакви, пласман нема, субвенциите ни доцнат. Кај нас во селото во последните пет години не е купен ни еден нов трактор, нема ни една куќа нова, соба нема направено, а не куќа, што кажува дека не е добрo во земјоделството. Само партиските војници се фалат од земјоделството, тие добиваат и земја и редовни субвенции- вели Влатко Тодоров од село Тркање Кочанско.


