Очајна е состојбата во која се наоѓаат производителите на праски. На пазарот во Росоман нема трговци или им нудат катастрофално ниски цени.

Долги се редиците од трактори и пред откупувачите на праски за преработка. Се земаат за 6 денари килограм. Земјоделците кажуваат дека чекаат и по цел ден за да ги предадат родот. На крајот од денот, ако не ги дадат на откуп, ги фрлаат во Црна река.



– Јас сум регистриран индивидуален земјоделец имам 30 декари со праски, сите се од градот столчени и сега не откупуваат и треба да ги фрлам во реката – вели земјоделец од Росоман и додава дека е лоша состојбата општо во земјоделството и едвај се преживува.
– Едвај живееме, задолжени сме, кредитите неможеме да си ги вратиме. Субвенциите не се исплатени. Подигнав ново лозје 20 декари и за него не ми се платени субвенциите. Ќе ја изгорам маицата, нема „дела“ – се пожали тој.


