Во Сопот 250 ха лозја останаа без вода, ЈП „Тиквешко Поле“ уверува проблемот ќе се реши до крајот на неделава

Земјоделците од кавадаречкото село  Сопот маки мачат со наводнувањето на 250 ха под лозја, овоштарници и градинарски култури. Стравуваат дека ќе го загубат родот кој едвај успеале до сега да го произведат со високите трошоци за нафта, ѓубрива и заштитни средства.

lence_sopot

Нивниот проблем настанал откако отворениот канал од кој земале вода до минатата година, со проект на Министертвото за земјоделство се реконструирал во затворен систем но со неквалитетни цевки.

– Ние до лани немавме никаков проблем со наводнувањето, сите си земавме вода од овој канал. Но со реконструкцијата, за која велат дека се дадени големи финансиски средства е направена грешка и наместо цевки кои се за оваа намена тие ставиле канализациони цевки – вели Миланчо Наумов од село Сопот.

sopot

sopot4

Земјоделците бараат да се реши нивниот проблем бидејќи ќе претрпат огромни штети.

– Нека остане ваков затворен каналот но да биде сериозно и професионално направен. Ова вака е за срамота, никаде вака нестручно не се прави канал од затворен систем – вели Наумов.

sopot2

Од ЈП Тиквешко поле за Бриф изјавуваат дека се запознати со состојбата и дека санацијата на каналот е во тек.

– Го знаеме проблемот со каналот  и веќе почнавме со санација. Ќе се заменат цевките со други и ве уверуваме дека до крајот на неделата овие земјоделци повторно ќе имаат вода за  наводнувањето на нивните земјоделски површини – вели од ЈП Тиквешко Поле.

sopot1

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести