(ВИДЕО) Земјоделци: Груевски со реклами ги лаже граѓаните дека нас ни е арно

Пласманот на земјоделските производи годинава е вистински проблем на земјоделците.

На пазарот во Росоман освен производителите на праски, лошо поминуваат и земјоделците што продаваат сливи и грозје. Нема трговци или им се нуди ниска цена. Продажбата е неорганизирана без заштита од државата, се жалат земјоделците

slivi

pazar_rosoman

– Не оди  никако, ништо нема цена, ни праска, ни слива. Нема кој да не заштити. Груевски само ги лаже граѓаните дека нас ни е арно. Вака ќе биде се додека не се дигне овој народ – вели земјоделец од Росоман.

Проблемот со пласманот на земјоделските производи може многу лесно и едноставно да се реши со мерки за стабилизација на пазарите на земјоделските производи согласно Законот за Земјоделство и рурален развој.

intervenciski_merki

Може да изврши интервентен откуп или да им помогне на земјоделците со мерката поддршка за складирање, односно да можат тие да ги сместат своите производи во ладилници и да чекаат подобра цена. Оваа мерка е најефтина и многу лесно изводлива бидејќи има доволно ладилници со капацитети кои можат да ги соберат праските, сливите или грозјето. На овој начин и трговците не ќе можат да тактизираат и да чекаат два – три дена без да откупуваат за да им падне цената на земјоделските производи и производителите да се приморани да ги даваат по многу ниски цени.

Трета исто така изводлива мерка е преку поттикнување на потрошувачката (член 45) кога Владата врши откуп и дистрибуција на овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, а  се насочени кон подобрување на квалитетот на исхраната на лицата под 18 години, лица изложени на социјални ризици од сиромаштија, вклучени во државниот образовен, здравствен и социјален систем.


pazar_rosoman2

 

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести