Се пакувам, професорке. Заминувам одовде…

Пишував за неа пред некоја година. Моја некогашна ученичка. Красна девојка. Работничко семејство, чесно, тивко, научено на скромност и немање. Цврсто во своите исправни визири, осудено на немоќ. Татко градежен работник, мајка стечаец. Брат и сестра. Баба и дедо. Сите во три соби.
Таа одличен ученик. Ниту една четворка за четири години. Без изостаноци. Завршен факултет за неполни четири со просек 9,80, без паднат испит. Дипломирана со десетка. Повеќе гладна отколку сита, очаен студентски дом.
Долга врска, некогаш убава. Со време обременета со многу прашања, се поизвесно без иднина. Двајцата – невработени умови.
Таа работеше во трафика едно време, красната девојка дипломирана со десетка.
Ја сретнав скоро.
“Се пакувам, професорке. Заминувам одовде. Со дечкото се разделивме. Едноставно тоа не сме веќе ние. Имам надвор шанси. Што да правам кога овде никому не сум му потребна.”
Цврсто ја гушкам додека се поздравуваме. Окото ме пече додека и ја гледам насмевката во напор да не се разлее.
Среќен пат, девојче мое драго. Ја заслужуваш сета среќа на светов.
На оние кои се одговорни за твојата приказна – срам да ви е. СРАМ!

Фејсбук статус на Елизабета Секирарска

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести