На популизмот на власта мора да се одговори со теренска работа кај земјоделците

После шест години систематско уништување на аграрот, владата прогласи месец на земјоделството и се пушти во предизборни активности. Тоа што не можат да го завршат рекламите, ќе се надокнади со притисок и купување на гласови. Ова е проверен метод. Пред изборите лани  со таканаречените подвижни канцеларии и буквално им одеа по куќи, на ниви и фарми каде што ги уценуваа ако не гласаат за нив тогаш ќе им ги скратат субвенциите или ќе мора да го враќаат тракторот кој го плаќале преку програмата за рурален развој. Концесионерите беа уценувани со враќање на земјата. Партиите на власт ги има сите механизми и инструменти на располагање, а имаат и пари од буџетот.
На популизмот на власта опозицијата мора да одговори со теренска работа, нема друго. Не треба да се чека ни ден повеќе, времето гази. На земјоделците мора некој да им помогне. Никогаш досега посиромашни и попонижени  не биле, а како никогаш до сега не се уништувал македонскиот аграр. Се напуштаат површините кои се обработувале со децении, увозот на храна вртоглаво расте , а Македонија станува опасно увозно зависна земја за стратешки земјоделски производи.

На земјоделците  им треба опција во која ќе видат решение на нивните проблеми и можност за подобар живот. Нивните барања се исти веќе 9 години, тие барања се најдобрата земјоделска програма што може да им се понуди.

1. Субвенции навреме тогаш кога им се најпотребни
2.Зелена нафта (50% поефтина) и 30% поефтини семе, ѓубрива и заштитни средства со контрола на нивниот квалитет.
3.Прераспределба на државната земјоделска земја и враќање во рацете на вистинските земјоделци.
4.Сигурен откуп, помош околу пласманот и заштита од страна на државата откупувачите и трговците да го плаќаат родот согласно договорите.
5.Инвестиции во системи за наводнување.

Не треба големи филозофирања и силни зборови, само понуда на петте главни мерки со кои ќе се извлечат од сегашната состојба, за доброто на сите.

Ленче Николовска

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести