Словенија им помага на млади фармери со неповратни средства до 45.000 евра

Словенечкото Министерство за земјоделие денеска почна со примање пријави на фармери на кои ќе им се дадат 12 милиони неповратни средства. Од тие пари, 80 отсто се во рамки на план за рурален развој на Словенија добиени од Европската унија.

За средства може да се кандидираат „млади газди“ на возраст од 18 до 40 години кои за првпат преземаат земјоделски бизнис, а ќе им се одобрат најмногу до 45.000 евра бесповратни средства.

Државата сака со таа мерка да го ревитализира земјоделието во кое се уште доминираат постари фармери. Услов е кандидатите да се стручно оспособени за работа во земјоделлие, да имаат најмалку 10 хектари земја и со тој бизнис да се занимаваат најмалку три години.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести