Приватната фирма која го блокира центарот на Скопје е корумпирачкиот монопол врз комуникациите кој е под меѓународна истрага

По затворањето на обиколницата за снимање филм, од вчера е блокиран најстрогиот центар на градот за потребите на уште една приватна фирма.

Таа приватна фирма, која го блокира центарот на градот, е корумпирачкиот монопол врз комуникациите кои скапо се наплаќаат. Фирмата е под меѓународна истрага.

Тоа е фирмата во чиј состав е и оној мрачен дел кој истите, скапо наплатени комуникации, незаконски и тајно прислушувал по налог на една инкриминирана клика.

Ете, таа фирма два дена дивее и предизвикува метеж во центарот, за да организира журка за ребрендирање, за да се окрупни, а веројатно и да ја заметне трагата на долгогодишниот грабеж и криминалниот упад во приватноста на своите корисници и сите кои разговарале со нив по телефон.

Таа журка не е бесплатна, драги мои.

Билетите за журката на ова арамиско гнездо се наплатени и сѐ уште се наплаќаат неспоредливо поскапо отколку да ја платите влезницата за тие што ќе настапат, тогаш кога вие ќе посакате, во концертна сала или на стадион, без да им го загорчувате секојдневието на своите сограѓанки и сограѓани.

И не се само овие арамии одговорни за ова.

Одговорни се уште поголемите арамии и кабадахии кои тој простор го одобриле или можеби и самите го понудиле, за да потсети на контрапротестот на кој довлечкаа 20-30 илјади луѓе и ги сместија зад високи метални огради, за да им го полнат мозокот со ѓубре од лаги.

Јас нема да одам на оваа журка.

Џабир Дерала – Фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести