Во Македонија има над 4.000 пчелари со повеќе од 80.000 пчелни семејства. Од едно пчелно семејство просечно се добиваат 12 килограми мед годишно, а потрошувачката е 700 грама мед по глава на жител. За споредба, во Германија потрошувачката е девет, а во Јапонија 16 килограми по жител.
Цената на медот во земјава се движи од 400 до 450 денари.
Во Македонија медот се продава по најниска цена ако се земе предвид дека во соседните земји, Албанија, Црна Гора, Србија, килограм достигнува најмалку 10 евра.


