Човекот нема срам, го гази Иванов кога сака и како сака, го множи со нула

Груевски во име на Претседателот Иванов оди на Годишно Собрание на ОН во Њујорк. Во име на претседателот Иванов доделува ордени. Се заблагодарува што САД ја признале Македонија под Уставното име, кога тоа пристигна како подршка на напорите за имплементација на Рамковниот договор , во време кога Груевски организираше референдум против новото територијално разграничување на општините. Човекот нема срам. Го гази Иванов кога сака и како сака. Го множи су нула. А Иванов и не забележува.Си седи дома и гледа на тв што прави, во име на претседателот, премиерот во заминување, на кој врз главата му седи специјалниот јавен обвинител .

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести