Отворено писмо на Петар Бочваров, поранешен политички активист
Психолошки профил на Петар Гошев
1.Беше претседател на Сојузот на Комунистите на Македонија на која подоцна го додаде суфиксот Партија за демократска преобразба и во негово време на крај стана Социјалдемократски сојуз на Македонија. Како претседател водеше луѓе и членство кое му веруваше.Гошев од оваа партија и членство избега. Кога поранешен претседател бега од неговото членство тој е обичен и ефтин дезертер.
2. Во 1993 година ја формира Демократската партија и бројно членство му веруваше и тргна со него. Во 1998 година се спои со Либералите на Андов, па во 1999 ги истера истите. Денес Гошев не знае каде се просториите на партијата која ја основа. Повторно претседателот на ДП и покасно ЛДП Петар Гошев го излажа членството и дезертираше.
Да направам споредба како би личело Архиепископот Стефан ако е незадоволен од еврниците и Синодот да формира или отвори нова црква или да си ја смени верата во Ислам.
3.Во Демократската партија која покасно стана Либерал демократска партија една помала група верни и лојални на Гошев си ги уништија бизнисите и статусите, одвојуваа пари од семејствата и му ги даваа нему и на партијата на кои пари Гошев беше господар. Кога материјално ги исцица и исцеди овие луѓе, си фати друштво на богати луѓе, а за кои предходно викаше дека се мафијата и несреќата на Македонија. Затоа Гошев е обичен подлец и измамник.
4. Врв на бедата и мизеријата беше неговата промоција на осум записи со наслов „Оди си“ преточени во книга која ќе биде бедно културно наследство полно со плукање и стручни анализи изнесени од оскубан петел кој покажува сила во однос на Никола Груевски, ангелот на ВМРО ДПМНЕ: Многу е симптоматичо што од ВМРО ДПМНЕ никој не му возвраќа. Да не е старата изрека – „Гавран на гавран очи не вади“.
5.Нашиот намачен народ во своите преданија ги нарекуваат ѓаволи луѓето кои искористуваат некого за личен интерес и велат дека за гревот што го направиле кога ќе умрат душата ќе им излезе низ ауспух. Тоа најверојатно ќе го снајде и Гошев.
6.Оваа влада мора да замине, но не со помош на вакви Тројански коњи кои додека имаа интерес никаде ги немаше да кажат каква е оваа власт.


