Да, нешто се гради, ама се јаде и бајат леб

Кај мене у маало пред извесно време се отвори една фурна (Призрени се вика) , која покрај леб , продава и бели пецива. Навистина супер квалитетен леб продаваат , и нормално поголемиот дел од населбата таму купуваме секој ден. Пред малку додека чекав да дојдам на ред за да купам, еден чичко пред мене кој имаше окулу 65 години и вика на продавачката : Колку ви е еден леб…. дваесет денари одговара продавачката.. настанува кратка пауза и чичково прашува : А продавате бајат леб? Да возвраќа продавачката имаме вчерашен леб но тој е многу тврд , но цената му е десет денари… настана кратка пауза.. се слуша како гласно расмислува човекот.. ако купам еден тазе ке ме кошта дваесет денари, а ако купам два леба бајат исто ке ме коштаат дваесет денари.. ок сакам два од бајатот… продавачката му ги стави во кеса и си отиде човекот. Останав без зборови… до денес имав слушнато дека негде се продава и бајат леб , но никогаш се немав соочено вака нај директно. Прво што ми се сврте низ глава : Па добро бе каде јас живеам , до тука ли е дојдено?? И одма ми текна дека еден голем број на лугето резонираат вака : Барем нешто се гради. Е сега сакам на сите тие такви дегенерици да им кажам : Да нешто се гради, ама се јаде и бајат леб морони едни не долечени.

Фејсбук статус: Замир  Мехмети

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести