Ако Груевски продолжува да ја турка државата кон конфлит, треба да се урива во Собранието

 

Пржино е пред колапс. Владини напади и опструкции од повеќе страни имаат за цел да го уриваат Пржино. Медиумските слуги на Груевски веќе Специјаната обвинителка ја прогласија за опасен странски елемент. Истите структури веќе покренуваат постапка пред Уставниот суд со цел да го уриваат Законот за специјален обвинител, со што состојбата може да се доведе до катастрофа. (Де)политизираниот Зврлевски, Специјалното обвинителство го прогласи за политичко тело!!! А е многу среќен што неговото обвинителство не било такво!!! Епа, г. Зврлевски, да беше така немаше да има потреба за специјален обвинител. Вие протестирате наводно за парите, а не ги заслужувате и тие што сте ги земале сиве овие години. Дури треба да ги вратите, оти не сте ја заврсиле работата. И не само тоа, туку треба да одговарате за непостапување согласно законот (прикривање, помагање), што само по себе е тешко казнено дело. Милјарди евра криминал, а ЈО против организираниот криминал цело време молчеше!!! Сега сте технолошки вишок, ама и тоа не го заслужувате.
Ако вака се продолжи, не само што Пржино ќе биде мртво, туку државата полека, но сигурно ќе се турка кон опасен конфликт. За да не дојде до тоа, треба сериозно да се размисли за уривањето на владата во Собранието, пред отшто таа не не уривала нас.

Фејсбук статус на Мерсел Биљали

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести