Одгледување на Монголски цреши

Станува збор за џуџеста грмушка која многу раѓа. Плодовите имаат темно црвено месо и темно црвен сок. Овие нови цреши се многу ветувачки и за конзумирање како свежо овошје и за индустриска преработка.

Растењето во форма на џуџеста грмушка има многу предности:

mongolska_cresha1

  • Отпорност во зима и отпорност при суша
  • Максимален раст до 4m, иако микро и макро климата можат да обезбедат поповолни услови и подобро да влијаат врз растот. Ова овозможува механичка берба со што се избегнува рачно берење.
  • Денес црешата не се одгледува на својот корен, мора да биде калемена на други подлоги. Затоа денешните цреши се склони кон бројни проблеми во одгледувањето, на пример се случува сериозен проблем ако се излупени во местото на калемење, па растот продолжува со цутот од тоа што се користи како подлогата наместо да расте сортата цреша која е калемена. Овој проблем не може да се појави кај монголските цреши бидејќи тие растат директно од сопствениот корен.
  • Нема значајни оштетувања и болести па најчесто се одгледуваат органски или со драстично намалена употреба на хемикалии. Плодот е темно црвена боја и како и сите овошја кои имаат темна боја, богати се со високо ниво на антиоксиданси. „Брикс“ или сладоста на монголската цреша е исклучително висока. Кај класичните цреши обично е во опег од 11-16, додека кај монголските цреши достигнува повеќе од 20 пати „Брикс“
  • mongolska_c
  • Дозрева од крајот на јули до крајот на август кога, обичните цреши ги нема на пазарот. Плодот во физиолошката зрелост може да остане подолго доколку сеуште се наоѓа на стеблото, каде што плодовите добиваат уште потемна боја и посладок вкус. Големината на плодовите се движи од 2-4cm со боја која варира од светло црвена до црна. При бербата пожелно да се берат заедно со стебленца бидејќи тоа ќе им овозможи да се чуваат подолго. Црешите може да се чуваат неизмиени, лабаво покриени со пластична фолија 3-7 дена. Помеките овошја имаат пократок период на складирање.
  • mongolska_cresa
  • Важно е да се напоменат и хранливите својства на црешите: многу ниско ниво на заситени масти, холестерол и натриум. Тие се добар извор на диетални влакна, бакар и манган, витамин А и витамин Ц. Плодовите на црешите содржат висока количина на моќни антиоксиданси, антоцијанин, кои можат да помогнат во ублажувањето на воспалението и намалување тегоби кај артритис и гихт.

Извор: Здрава Србија

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести