Еј која фрка, во торбата на Мијалков белградскиот ренген скенер видел пиштол. Во ташната на Македонската ѕвезда, семоќниот бате Саше.
Па што,ете човекот преку неговиот медиум си кажа, се случува, не ја проверил торбата во која заборавил веројатно еден од пиштолите.
Јас се слагам со него, со годините сенилност фаќа, башка ако имаш многу и си ги распрчкал по торби и ранци, а згора на се од Белград идат и гласини дека бил во фокусот на странски разузнавачки служби. Кој безобразлук од колегите од Белград, шпекулираат дека имало интерес за неговото енормно богатење и особено дека имал удел во Кумановската трагедија во Диво Насеље.
Белград не е како нас “чувствителен“ на Саше, не го интересира дека он ни е, брате, на браникот на одбрана на татковината, какво богатење какво крадење, се си е, шо би рекол Зврле по закон во нормална а не МАФИЈАШКА држава.
Како поминал на Скопскиот аеродром а? Прво, кај видовме дека има само еден, оној де, дипломатскиот пасош шо му го откривме, и кој покажа дека е поништен. Јас такво нешто не видов, а на Чавков ич не му верувам,он е само полициска варијанта на Зврле- слуги покорни на режимот,или шо би рекла Гордаништено,човечиња бе од тефтерчиња.
Шегата на страна, не шерифов наш се ми се чини деновите му се одбројани,ама уште бар дома си прави што си сака. Ке подзаборави уште по некој пиштол или снопчиња евра,седодека МОЌТА полека излитува или така ми се чини.Со клептоманите и злобниците е така,него баш и не го познавам приватно.
Туку бидете така, дешавките на Фамилијарната братија не се завршени.Тие ке се продаваат за патриоти на кои татковината им е се…НО, тука е Катица, да ги провери тие работи.
А пастирот мислам се шалта, он бре тргнал да се бори за титула КМЕТ. Растрчан е по села, по населби, отвара се и сешто, пустиот не му е и него лесно – ко да се ближи денот за вистински а не преродбенички ОТЧЕТ.
Пиштолот како и пасошот на газдата на фамилијата е само делче од МОЗАИКОТ што ете јас го викам- финти како ем ве соголевме, ем гаќи тресевте.
А парите.ах викаат дека тие ги чекале незнам во Панама и такви држави, Белизе не им е више во ТРЕНД. Затоа да си ги провериме ние нашите торби да не сме подзаборавиле во нив некоја запалка, оти ке нафркаме. ова е сепак уште НИВНО ВРЕМЕ, шерифот кај нас уште ПУКА, не е тој воопшто ЕКС.
Ацо Кабранов
Превземено од Либертас


