(ВИДЕО) Наумов: За земјоделците 160 милиони евра субвенции, навреме и целосно исплатени

-Субвенциите за земјоделство ги зголемуваме на 160 милиони евра. Ќе бидат навремено и во целост исплаќани, изјави на денешната прес конференција Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов

Во приоритетите е и земјоделството. Таму субвенциите не секогаш завршуваат кај вистинските земјоделци. А, речиси кај сите култури и гранки има намалување на посеаните површини и пад на вкупното производство. Увозот на храна е повеќе од двојно поголем од извозот.

Субвенциите се доделуваат со исплата во одреден период од годината, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни: на сточарите во јули, кога е најевтина добиточната храна; на полјоделците во септември за да ја отпочнат сеидбата на житните култури; на лозарите и овоштарите во март, пред почетокот на новата реколта; на градинарите во мај; на тутунопроизводителите по завршување на откупот на тутунот.

Субвенциите се мерка што треба да има ефект во развој и професионализација на земјоделството. Затоа, покрај основната субвенција, субвенционираме повеќе за 20% за секој следен хектар или 30% за секое следно грло добиток.

Ќе спроведеме ревизија на доделеното државно земјоделско земјиште и ќе обезбедиме негова праведна распределба на вистинските земјоделците.

Ова се само дел од решенијата кои на денешната прес конференција ги промовираше Наумов.

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести