Советници од ВМРО ДПМНЕ откупуваат јаболка во дубајскиот откупен центар во Ресен

И преспанското јаболко се откупува со партиска книшка од ВМРО ДПМНЕ. Овоштарите се жалат дека во новоотворениот откупен центар „Епл ленд“ каде неодамна лента сечеше премиерот Никола Груевски, откуп вршат двајца советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ. По која цена и од кого одлучуваат тие.

-Таму не се знае кој е газда, а кој кираџија и не стопанисуваат дубајци туку кираџии. Се спомнуваат огромни суми што треба да се платат на тој што инвестирал, а јаболката таму се од 9 до 11 денари. Тој центар наместо да помогне во пласманот , ни ја сруши цената  од 15 денари на 10 денари за килограм – вели овоштар од Ресен.

Пред еден месец, на отворањето  премиерот Никола Груевски истакна „

-Ваквата голема инвестиција во оваа област беше одамна исчекувана и вистински потребна за јаболкопроизводителите од преспанскиот регион. Денес таа стана реалност и верувам дека ефектите од неа набрзо ќе бидат почувствувани од страна на производителите. Современиот откупен центар претставува директна инвестиција од пет милиони евра во овоштарството и тој има низа подобности, како што се можноста за откуп, калибрирање и складирање на 5000 тона јаболката користејќи притоа најнови технологии-  истакна премиерот Груевски во обраќањето кога се отвараше откупно – дистрибутивниот центар.

Годинешниот род на јаболка е 130 000 тони а овоштарите се задоволни од квалитетот.

 

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести