Кога си чист и никој не може да те конфротира со никаков криминал за разлика од политичарите и поедини бизнис групи, тогаш чекориш сигурно, доблесено се бориш за правда. Го браниш тоа што си го започнал, со чист образ. Граѓанските иницијативи се нешто свето зад кои стоиме и бараме да се усвојат. Тоа е голема работа што секој политичар би сакал да го постигне, но нема никој храброст да го изоди сам тој пат што го одев јас и останатата бројка која стои зад иницијативата и тоа документирани 11.069 веродостојни граѓански потписи. Затоа бидете луѓе, токму вие изгласани од народот за да ги претставувате нив и сте во НАРОДНОТО СОБРАНИЕ. Вашите два прста тој ден, во среда, треба да бидат кренати. Вие не гласате за мене, за себе, гласате тој ден за правда и за усвојување на АМНЕСТИЈА за кои доцнете повеќе од 15 години, сега ви е моментот сите да го положите тестот пред својот народ, својата ДРЖАВА и ЕВРОПА.
Фејсбук статус на Мери Николова, граѓански активист.


