Камион прегази 12 годишно девојче во Влае

Околу 15:30 во нaселба Влае на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Андреј Димов“ и „Стефан Филиповиќ“ камион удри во пешак. Веднаш по несреќата, малолетното девојче починало, јавува Телма.

Првично проценка на полицијата е дека станува збор за 12 годишно девојче, велат од МВР. Увидот на лице место е во тек да се утврдат причинете за несреќата. Медицинските екипи кои пристигнале на местото на несреќата констатирале дека девојчето починало на лице место. Според очевидците, кои не сакаа да зборуваат во нашата камера, девојчето ја преминувало улицата на зелено.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести