Мирка ,која пишува за Нова Македонија финансирана од Минчо Јорданов, Латас кој работи за Ѕинго и Бојо Андревски и Миленко кој работи за телевизија на Стојменов, го повикуваат Груевски да ги прекинел разговорите, да ги протерал странците и веднаш да одел на избори. Тие се полни со омраза кон Заев, опозицијата и „Шиптарите„ Најново е тоа што опозицијата почнаа да ја нарекуваат ИСИЛ- терористичка организација, која требало конечно да биде уништена. Груевски веројатно подготвува терен да си ги послуша овие свои гласни подлизурковци зад кои стојат моќните медиумски тајкуни. А од Инфомакс на кој се објавуваат нивните колумни и прашуваат нели е време да се покане и Москва на преговарачката маса? Но Латас не може да чека. Тој повикува да се стане на нозе и да се оди на барикади во одбрана на Груевски. А така го храбреше и Милошевиќ. И видовме како заврши. Во Хаг им се судеше и на новинари. Еден ден веројатно ќе одговараат и поттикнувачите на хаосот и војните.
Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов


