Наташа Струмениковска: Време на одлуки

Разумниот и озбилен СДСМ, наспроти несериозното и криминално дпмне, лице и наличје на македонската стварност денес.

После масивната и разорна сила на СДСМ со проектот Вистината за Македонија, кој ги разнесе фамилијата и врхушката на власт, опозицијата во интерес на доброто на сите грѓани даде шанса со дијалог, по мирен пат да се пронајде излез од политичката криза во која западна Македонија. Но истовремено, режимското дпмне (со мали букви) си доби доволно време да се престрои и да збие редови, да сокрие и уништи голем доказен материјал за криминал, и сега преминува во офанзива, од одбрана во напад. Цел овај период на неколкумесечно примирје, додека траат преговорите, беше искористен од власта за страшна медиумска хајка против опозицијата, невладиниот сектор, поединци интелектуалци и активисти со демократски капацитет, за неисполнување на делот од Договорот од Пржино кој си го превзеде власта, за изигрување на шансата добиена од меѓународната заедница, за злоупотреба на разумноста на нивниот политички опонент.

Овај режим си доби се, како што обврзува Договорот од Пржино, опозициски пратеници во Парламентот (за привид на демократија), прекин на прес-конференциите од Проектот Вистината за Македонија, за нивниот криминал (така наречени бомби од опозицијата), и прекин на Протестите кои беа масовно поддрржани од граѓаните. Ама и доволно време режимот да си ги консолидира редовите и да смисли нови стратешки ујдурми, како да го изигра и избегне исполнувањето на потпишаните договорени одредби во преговарачкиот процес. Во моментот, ништо од договореното во Пржино од едната страна во преговорите, не важи. Нема нов Министер за внатрешни работи и за труд и социјала, нема заменик Министри од СДСМ кои беа договорени (власта сака тие да бидат како англиска кралица, без ингеренции и моќ), нема функционален тим на Специјалната Јавна Обвинителка, оставена сама на себе си (а и на Уставен суд се бара поништување на веќе донесениот Закон за СЈО, со негирање на уставноста на истиот), нема најава за нивни оставки кои беа со стриктни датуми утврдени. Битно е дека власта сега инсистира да се изгласа во Парламентот одлуката за Предвремени парламентарни избори на 24 април 2016, со истите наместени правила на нефер политичка игра, со сите полуги на системот во нивни раце, со недоволно време опозицијата да го раштрафи режимскиот механизам, кој продуцира наместени избори.

Со враќањето на пратениците во Собранието и можноста за прашања до врхушката на власт, јавноста се запознава со криминалите, копупцијата, недемократското практикување на власт од страна на фамилијата и нивните коалициони партнери. Но со одговорите на пратеничките прашања во Парламентот, нелегитимниот Премиер Груевски добива шанса да прави себепромоција, и да ја дефокусира јавноста од битните проблеми на политички план денес, реализација на Договорот од Пржино, опасноста да се изгуби Препораката за ЕУ, никулците на закани за федерализација на државата. Министерот за здравство е само еден штраф во режимската машинерија, и кога власта кога ќе биде симната и делегитимирана, тој ќе си оди во пакет со неа. Помалце значаен за наше внимание е сега поранешниот Директор на ДБК, со него треба СЈО да се занимава, јавноста знае со кого си имале работа една деценија, поважно е како сегашната врхушка на фамилијата на Груевски им пркоси на меѓународната заедница и не става во заложништво сите, цел народ на Република Македониаја и под знак прашање е нашата неизвесна иднина. Криминалот и украдени пари се тема, нивната злоупотреба на власта и моќта, нефункционалноста на системот, да с фокусираме сите сега на пораките кои ги праќаме до јавноста, да допираат до народот, кој во овај миг очекува само заштита и сигурност, полага доверба кон опозицијата во борбата за заминување на режимот.

Визијата за Македонија го трасира патот кон граѓаните и со своите пет столба ветува надежна иднина. Но дали опозицијата оваа пролет ќе ја добие можноста својата Програма да ја реализира, ако и наредните избори важат истите правила. Тој луксуз опозицијата не смее да си го дозволи уште еднаш. Мора да испочитува договореното, за да се создадат минимум услови за фер политички изборен процес. За почит и респект е големата храброст, мудрост и стратешки чекори на лидерот на СДСМ и тимот во целиот овај период, но и неговата големина, демократичност и грижата да нема жртви во овај болен процес. Сега доаѓа период кога треба сите здружени, заедно и политичките чинители, и граѓански сектор и целиот народ, на овај режим да му демонстрираме решителност и сила и да им покажеме дека нивното заврши. Или Груевски ќе ги почитува ситер ставки од договореното во Пржино и Специјалното Јавно Обвинителство ќе профунционира, или ќе мора да си замине од Премиерската функција неславно, како многу примери низ историјата.

Меѓународната заедница прави преседан, и како на разгалено детиште на Груевски му даваат уште една шанса за зачувување на препораката за ЕУ, пред да останеме во тотална изолација од светот, со изгубена препорака за членство, ама и со затворени врати за сите фондови од кои со позајмени пари сега функционира, но и не задолжува оваа недемократска и разулавена власт. Што тоа точно значи, ќе осетиме сите ние заедно, кои останавме на ова парче земја, кога ќе треба да враќаме долгови и да бидеме отсечени од демократскиот свет. А и во вакви околности, наредните предвремени избори ќе станат беспредметни, што е впрочем и крајната цел на дпмне. Ама во меѓувреме се обидуваат да си најдат друг дежурен виновник за тоа, за да си го одложат крајот. Кој ли верува во политичари кои не исполнуваат дадено ветување, не си го почитуваат ни својот потпис на политички договор, ним народот одамна повеќе не им верува.

Македонскиот народ е трпелив, но умен и точно знае дека народ дава ама и народ зема власт. Стравот, притисоците и заканите завршија, како издушен балон се сека нивните привиди на моќ. Заборавете властодршци на црните сценарија за судири на граѓаните по улиците, кои вие од власта ќе ги следите од прозорецот на Вашиот удобен Кабинет во Влада. Тој филм нема да го гледате. Неколку пати во минатото, благодарение на разумен политички противник, каква што е сериозната СДСМ, власта избегна насилно рушење на власта од улица. Сеогаш надвладувал разумот, протестите да бидат мирни, достоинствени и без инциденти. И секогаш беше така, за среќа или не, тоа нека суди народот.

Политиката е како партија шах, после некои потези, враќање назад нема. А токму тој потег може да го одреди победникот. Среќата ги прати храбрите, ама трпеливоста планини руши. Кој пат ќе се одбере на оваа раскрсница, зависи само од лидерите, и е многу тешка одлука, а јас на мојот Претседател Заев му верувам. Се надевам дека се ќе биде добро и во интерес на народот на крај. Демокртијата, слободата и стабилноста на државата немаат цена. Да се бориме за нив сите до еден, кој како знае. За Македонија се работи.

Пишува: Наташа Струмениковска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести