Изградба на мали сушари за зачувување на вишокот земјоделски производи и нивен сигурен пласман како полупроизводи со повисока цена, најави денеска министерот за земјоделство, Михаил Цветков, пренесе МИА.
Станува збор за проекти кои ќе можат да се реализираат преку ИПАРД програмите.
– Подготвуваме проекти за мали сушари во кои земјоделците, количините што не ќе можат да ги продадат како свежи, ќе можат да ги сушат, а потоа и нив да ги пласираат на пазарот. Со тоа практично им се овозможува продажба на целата произведена количина – рече тој.


