Утрово влегувам во такси со колешките, и разговараме за новиот Закон за административни работници поточно оценувањето на јавните службеници кое е главна тема во министерствава деновиве. Се предвидува да те оценува, претпоставениот, 2 колеги со понизок статус, двајца колеги од надвор од министертвото. Никој не знае да ти објасни, зошто и никој не знае да протумачи за кои надворешни оценувачи се работи, дали од други органи, дали да бидат административни службеници или било кој вработени,…
Таксистот, не слуша, слуша…..и вика – Па да ве оценам јас! Од сабајле, Вие сте ми втори патници, на кои им се понудив ! Гледам, си имате мака да најдете надворешни оценувачи,…. еве јас ке ве оценам! И да Ви кажам ке прифатам !
Човекот е магистер на машински, англиски полагал…. исполнува повеќе услови од некои административни службеници ! Ич не го прашав , дали има партиска книшка. Штом вози такси со научна титула од машински факултет…..јасно ми е! Не е од “античкиве” !!!
Фејсбук статус на Магдалена Несторовска


