Нема да ме чуди Груевски сам да се пријави за заштитен сведок пред специјалниот обвинител

КАКО ПО ОБИЧАЈ

Кога и секогаш досега така и овој пат Груевски, на крајот попушта и се предава. Не дава, не дава и на крајот на се сѐ согласува. Што би рекле нашите северни соседи дава и ,,шаком и капом” или пак му земаат се повеќе и повеќе. Ни малку ни повеќе првите луѓе на СДСМ (генерален секретар и потпретседател на партијата) на клучните министерски позиции во МВР и Труд и социјална политика, но и замениците министри се од првиот партиски ешалон.. Луѓе од доверба на претседателот Заев.
Вмровците на привремена работа во ДПМНЕ пак на дело ја видоа ,,принципиелноста и непопусливоста” на нивнит вожд. На најголемиот дел од нив дури сега има станува јасно дека обрачот околу него се стега се повеќе и повеќе и дека прашање е на време кога ќе излезе на површина целата досегашна злокоб.
Како што тргнала работава и онолку колку што Груевски е ,,принципиелен и чист” нема да ме чуди и сам да се пријави за заштитен сведок пред специјалниот јавен обвинител.

Фејсбук статус на Јове Кекеновски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести