Не сум од оние кои промените ги очекуваат од поединци или мали групи. Но, Оливер Спасовски и врвот на СДСМ сега имаат историска шанса да почнат вистински промени. Со тоа да ја вратат надежта за оваа држава и да го “разбудат” мнозинството што “спие”. Мислам дека 24 април е преблиску за да се организираат фер и демократски избори. Но, сосема е доволно далеку за да има десетици апсења, со издржани обвиненија, за големи криминали на високи функционери на режимските ДПМНЕ и ДУИ. Апсења, обвиненија и притвори за се што самиот СДСМ ни презентираше во “бомбите”, од местење на избори, со списоци, лични карти и Пустец, па преку провизии за патишта, па се до онаа дивоградба карши америчка абасада, но, и самото преслушкување на преку 20.000 граѓани. Таквото нешто сигурно ќе ја пробуди Македонија и ќе ја врати надежта, а во редовите на режимот ќе внесе паника и можеби ќе ги натера на дополнителна опструкција на договорот од Пржино. Со тоа што ќе имаме разбудена Македонија која верува во промени, која ќе биде силен ветар во грбот на опозицијата. Искрено им посакувам среќа, заради сите нас. Огрмна шанса која мора де се искористи.
Фејсбук статус на Џељо Хоџиќ


