Доцни почетокот на предвремениот откуп на тутун

По добивањето на готовите мостри од вчера течат роковите во 9 те тутунски компании во Македонија за ран откуп на тутун. На 152 пунктови може да стартува раниот откуп еден месец порано од редовниот. Од Сојузот на тутунски здруженија сметаат дека откупувачите не се подготвени за оваа активност, беше речено на денешната прес конференција.Со оглед на тоа што годинава тутунот е со подобар квалитет, а производството е намалено , тутунопроизводителите за годинава очекуваат повисоки цени.
Што се однесува до производството 2013 година беше рекордна со произведени 175 000 т тутун. Ланската реколта донесе 30 000 т тутун. Годионава се очекуваат да бидат откупени 25 000 т тутун.
Субвенциите за 2015 година се речиси целосно исплатени, а ќе се дадат исто за годинешниот тутун, 60 денари по килограм – изјави неодамна министерот за земјодество Михаил Цветков, додавајќи дека државата ќе го спроведува се она што е предвидено со законот за тутун.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести