Требаше дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски да реагира и да притисне, за Груевски да најави исплата на субвенции од 8,5 милиони евра, реагира опозициската СДСМ.
Но, останува нејасно, за која година е исплатата во најава, дали за 2014 која требаше законски да заврши на 30 јуни или за оваа 2015 година за која сеуште никој нема добиено ниту денар.
Субвенциите се државна мерка а не партиска и нивната исплата е регулирана со закон а не со волјата на Груевски, кога сака и на кого сака да му исплаќа субвенции.
Бараме исплатата на субевнциите да се интензивира и парите на земјоделците да се исплатат во најкус можен рок согласно програмата за исплата на директната државна поддршка потпишана од Никола Груевски.
Во неа јасно стои дека во септевмри требаше да започне исплатата на производителите на ориз, добиточна храна, сончоглед и поледелски култури, а во ноевмри да почне да се испаќаат субвенциите на лозарите и овоштарите.
Затоа и земјоделците имаат идеја: збогум Никола!


