Започна со откуп Тутунскиот комбинат од Прилеп

На осум дена пред официјалниот почеток на годинашниот откуп на тутунот, Тутунскиот комбинат од Прилеп, денеска го отвори централниот откупен пункт.Откупот се вршеше на шест ваги, со тенденција за зголемување во наредните денови.На почетокот, дневната динамика на откуп се очекува да се движи околу 50 тони, а потоа од 50 до 80 тони.
Тутунарите, имајки го предвид фактот дека има зголемена побарувачка за тутун, како и тоа дека кавалитетот е добар, очекуваат повисоки откупни цени.
Во моментов, освен Тутунскиот комбинат, тутун откупува и “Сокотаб” од Битола. Според Законот, од понеделник со откуп трерба да зпочнат сите 9 лиценцирани откупни компании. Откупот ќе се врши на 152 пункта, за трите типа тутун: “јака”, басмак” и “прилеп”. Годинашното прозводство тежи 21 илјада тони тутун, а се побаруваат 25 илјади тони.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести