Многу, многу сме уморни

Многу, многу сме уморни. Си имаме работа со манипулативни мафијаши и армија нивни послушници што се професионално активни 24/7.

Ние имаме работни, семејни и лични обврски, и најмалку што треба да правиме сите што си го жртвуваме преостанатото време од денот надвор од тие обврски е да мериме кој од нас колку направил и меѓусебно да се обвинуваме.

На луѓето што молчат и ништо не прават (дури ни на ФБ не дрндаат за релевантни теми) им се обраќаме како анонимна маса луѓе, а тие што се активни и „потфрлиле“ во нашите очи лично или групно ги прозиваме.

Дел од причината зошто ослабе граѓанскиот отпор го гледам и тука – во нашите нескротливи суети, во оној „хај“ што сме го добиле затоа што сме биле на пет-шест протести во животот и сме се осудиле конечно, после долг молк, да кажеме што мислиме.

И потоа бараме признание, благодарност – што е неблагородно за секој одговорен граѓанин.

Румена Бужаровска
фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести