Фантастична, логична и праведна организација на глутница волци
Првите три волци кои го разгазуваат патот со снег се трите најстари од чопорот. Тие се најчесто најстари, најболни и најспори членови на заедницата. Токму тие го диктираат темпото но во случај да наидат на некоја опасност први ќе настрадаат. Да одат на крајот на колоната најверојатно многу ќе заостанат и ќе станат лесен плен на другите грабливци или на временските непогоди.
По нив одат 5 најјаки и најдобри волци од чопорот, кои ја прават еден вид извидницата на пошироката околина и првото јако обезбедување на заедницата.
Зад нив, во златната средина, одат 11 млади членови на семејството, млади волчиња и евентуално нивните мајки.
По нив пак следуваат исто така 5 моќни мажјаци кои како крајно обебзедување го чуваат грбот на сите претходни.
На крајот, како последен, речиси изолиран, се забележува водачот на целата глутница, кој така изолиран има одличен преглед на целата колона и ситуација која ја држи под контрола.
п.с. Природата е фасцинантна и треба да ја почитуваме!
Foto : Parco Naturale Vanatori Neamt Romania
Фејсбук статус на Жарко Василевски


