Ветувањата дека Битола ЌЕ добие топлификација и други бајки

 

Ај. ќе ве молам, нека му пренесе некој на популистот Груевски, дека Проектот за топлификација на Битола од РЕК е стар 30 години, од време на социјализмот е изготвена и отфрлена обемната студија за тоа, од еминентни професори, со наслов: “Технички изводливо, економски неоправдано.”!
А нивната скапа играчка ќе не чини нас, граѓаните задолжување со нов кредит од 46 милиони евра, кој ние ќе го враќаме во иднина.
Уште тогаш, во осумдесеттите години на минатиот век е утврдено дека топлификација од РЕК е скапо (поради оддалеченоста на РЕК до Битола од 17 км.), неисплатливо (поради губењето на топлината додека стигне од таму до градот) и најважно од се нема долговечност, бидејќи залихите за ископ за производство на електрична енергија се лимитирани и неизвесна е иднината на РЕК во наредниот период.
Освен ако не мислат Нуклеарка некоја да отворат таму, таман како глувци да испоцркаме сите, како што се неписмени и аматери, со постојани хаварии во постојниот комбинат РЕК. Еден тон пари потрошија до сега за Проектот, само за папирологија препишана, три години тоа го слушаме, го ветуваат Проектот на битолчани серија изборни циклуси по ред. Кој е луд нека им верува дека ќе го реализираат.
Тие цефките за парно за зградите на МВР, Судот и Општината да ги поврзат, не можат 10 години да ги реализираат (читај ги снема парите, изчезнаа по приватни џебови), та ќе ја топлифицирале Битола. Ајде, ќе ве молам.
А приказната за намалување на загаденоста, не држи вода, оти најголем процент од жителите во градот Битола на струја се грее, бидејќи парното им го укинавте, а цената на дрвата е превисока и ги нема ни за лек. Смешковци.
Дајте топлификација на Битола, парно е доволно да имаме како претходно, немојте повторно со популизам да ги залажувате Битолчани.

Фејсбук статус на Наташа Струмениковска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести