Сефер Цаноски до Иванов: Заборавивте да помилувате мајка на три деца

Сефер Цаноски преку својот фејсбук профил упати порака до претседателот Ѓорге Иванов, по повод одлуката за помилување на затвореници. Цаноски напиша:

Почитуван претседателе,

Помилувани се многу лица кои сториле убиства и други тешки кривични дела и секоја чест за тоа што сте ги помилувале , ќе израдувате многу семејства.

Но жал ми е што сте ги “заборавиле”и неколку жени од случајот „Пајажина“, вклучувајќи ја и Емел Рамковска, мајка на 3 деца, која за наводен финансиски криминал доби 6,5 години затвор од кои 5 ги има одлежано.

Овој Чист политички монтиран случај ги остави веќе шеста година овие мајки да не можат да ја слават новата година со своите малолетни деца.

Им ја честитам новата година на сите освен вам. А на сите невини жртви кои поминуваат во затвор многу тешки мигови од нивниот живот им посакувам да истраат бидејќи правдата ќе излезе на виделина за многу брзо време.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести