Најчевска: Имаме право на мајстори, а не на чираци!

Ве молам немој да заборавите во ниту еден момент, дека Иванов, Груевски, Вељановски, и сета камарила околу нив се обични службеници кои вие ги плаќате од вашиот џеб за да вршат работи во ваш интерес и ваши потреби. Не ни требаат водачи на бели коњи, херои, месии. Ни требаат обични службеници кои ќе си ја вршат работата за која се платени.

Ве молам немој да заборавите дека вообичаено кога сакаш нешто добро да ти биде сработено дома викаш мајстор, а не чирак. Моментално на власт се чираци. Чираци во политиката, во правото, во економијата, во администрацијата, во управувањето. Ни требаат мајстори, занаетчии, луѓе кои знаат и умеат.

Ве молам немој да заборавите дека имате право на подобро.
Имате право на службеници кои ви служат вам и имате право на мајстори, а не на чираци.

Ајде да пробаме во новата година барем ова да го постигнеме.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести