Жарко Јорданоски: Борбата на опозицијата се сели на нов терен

Од ова се плашев. Се гледаше како што се гледа „мат у потег“! Ништо поштетно не можеше да се направи – еднострано распишување избори од ВРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои логично ќе бидат бојкотирани од опозицијата. Во сета равенка мое најголемо разочарување е Хан лично – тој де факто ја поддржа одлуката за суспендирање на договорот од Пржино и, следствено, анулирање на Извешетајот на Прибе. Како ништо да не било. Макеоднија, кој ја врти, важно е тие да имаат партнер за да ги штити од бегалцита!?
Како е ова купено, од каде е донесено не знам, само знам, дека после овој след на настани, само Господ може да и помогне на Македонија, а можеби ни тој! Бевме во кал, сега сме закопани. Нема излез, нема надеж.
Само уште ова. СДСМ мора да бојкотира се што може, и анкетни комисии и преговори со Ванхоје и специјално обвинителство. Ако има бомби да си ги испука, чисто за „вистината“, оти чаре нема. Катица треба да си даде оставка, ама тоа не можа никој да и го наложи, треба сама да се сети. Борбата на опозицијата се сели на нов терен, со сите неизвесности што тоа ги носи.
Кризата нема „брзо да заврши“, кризата допрва почнува.

Фејсбук статус на Жарко Јорданоски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести