“Македонија е се што имаме“, Киро Глигоров
Ги повикувам така наречените политички експерти и актуелни политички чинители, новинари, професори на универзитетите, амбасадори, европратеници, и други меѓународни организации и партиципиенти во Република Македонија, да ми помогнат во изнаоѓање на одговорите на неколкуте поставени прашања кои ми се појавуваат во подсвеста како резултат на актуелната политичка криза:
– Зошто, Македонија западна во политичка криза, што беше иницијалната каписла за политичката криза?
– Што сменија бомбите на опозицијата во Република Македонија?
– До каде е работата со случајот „ПУЧ“?
– Зошто се оформи специјалното јавно обвинителство?
– Зошто се избра специјален јавен обвинител?
– До каде е работата со предметите за изборни нерегулартности, кои во нив се осомичени десетина високи функционери, а најмногу пријавувани се поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска?
– Колку што ме држи помнењето, тимот на Јанева ќе ги истражува сите сомнежи за злоупотреби на власта, кои произлегоа од т.н. бомби на Заев. Освен случајот „ПУЧ“, до каде е работата со можната злоупотреба на Власта во случајот со плацеви на Водно, провизија од Израел, случајот Космос, начинот на апсење на Љубе Бошкоски, случајот Мартин Нешковски, демолирањето на општина Центар, случајот против битолскиот градоначалник Талески. До каде е работата?
– До каде е прочистувањето на избирачкиот список?
– Колкава е бројката на граѓани во Република Македонија?
– Колкава е бројката на гласачи во Република Македонија?
– До каде е состојбата со регулацијата на медиумите?
– Што правиме, ако имаме избори на 24 Април, а на тие избори учествуваат луѓето кои се вклучени во случаевите кои се предмет на обработка на Специјалното Јавно Обвинителство?
– Што би правеле ако повторно се влечат ромите за уши за да гласаат за владејачката партија?
– Што правиме ако бомбите на СДСМ е вистината за Македонија, што правиме ако се докаже дека неколкумина високи државни функционери се виновни?
– Дали во таков случај ќе имаме нова политичка криза во Република Македонија?
– Дали во таков случај ќе имаме повторно нови вонредни парламентарни избори?
– Кој ќе ја плати тогаш цената?
– Кој ќе биде виновен за тогашната состојбата во која би западнала Република Македонија?
– Што правиме ако по таквата политичка криза во Македонија се појави бран на иселување на цели фамилии надвор од границите на државата?
Дали не сметате дека најпрво треба да ги знаеме одговорите на сите овие прашања, па тогаш да одиме на избори, тогаш да се понудат програмите на политичките партии.
Сметам дека само со добиени одговори на горе поставените прашања, можеме да излеземе од длабоката политичка криза која ја тресе Македонија.
Фејсбук статус на Сашко Петров


