Ковачевски: Власта ќе гo продаде Офицерскиот дом во Битола за 900.000 евра

Власта на ВМРО-ДПМНЕ на 19 февруари по пат на јавно наддавање со стартна цена од 900.000 евра ќе го продаде најатрактивниот културно-историски обејкт на Балканот, но и пошироко, Офицерскиот дом, објект со околу 2.000 метри квадратни корисна површина, изјави денеска Васко Ковачевски, пратеник на СДСМ од Битола.

– Да потсетиме, градоначалникот Владимир Талески им вети на битолчани дека Офицерскиот дом нема да се продава, туку ќе се даде на концесионер на повеќегодишно користење. Во изминатите неколку години од страна на власта овој објект намерно е оставен да се уништува и да пропаѓа. Целта е да се обезвредни и да се продаде за багателна цена. После ЗК Пелагонија, Жито Битола, Стопанска Банка Битола, АД Пелистерка и други, сега и Офицерскиот дом во Битола се спрема да биде земен од „фамилијата“ – рече Ковачевски.

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Талески уште еднаш го покажале своето вистинско лице и ги излажале граѓаните на Битола.

– СДСМ предупредуваше преку пратениците во Собранието на РМ и советниците во Советот на Општина Битола и со амандмани бараше средства од буџетите за реконструкција и ставање во функција на објектот. Но, власта на ВМРО ДПМНЕ ваквите предлози ги одбиваше. СДСМ остро се спротиставува и жестоко ќе реагира на вакавата одлука. Ова раскрчмувањето на културно-историското богатство на Битола мора да запре. Офицерскиот дом е симбол на Битола и битолчани. Граѓаните се револтирани и со право реагираат – додаде тој.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести