Масовна појава на „боров четник“, се заканува уништување на боровите насади

Масовна појава на „боров четник“ на боровите насади во Тиквешијата. Нападната е млада борова шума и треба веднаш да се реагира, апелираат жители од тој крај.

borov_cetnik4

Движејќи се низ Македонија гледаме како огромни површини се зафатени од овој штетник, а никој не помислува да се справи со него. Се заканува уништување на боровите насади затоа апелираме  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да превземе итни мерки, велат граѓаните.

borov_cetnik

Слична е состојбата и во цела држава, потенцираат  експертите од оваа област. Според нив, боровиот четник е е ден од најголемите штетник на боровите насади во Република Македонија. Предизвикува физиолошка слабост на стеблата, а на крајот и сушење. Единствен начин за сузбивање на овој штетник е авионско третирање со соодветен препарат.

borov_cetnik1 borov_cetnik4

Во Министерството за земјоделство, шумарстсво и водостопанство, постои цел сектор за шумарство, потоа Државен инспекторат за шумарство и ловство и на крајот ЈП Македонски шуми кои стопанисуваат со шумите во кои се наоѓа штетникот. Сите тие институции имаат одговорност за состојбата во која се наоѓаат шумите како и механизми за решавање на ваквите појави – додаваат експертите.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести