Двојните стандарди на судот – за Темелко слобода, Петрески во притвор

Ме зачудува образложението кое што е дадено од страна на судот, за неприфаќање на предлогот за притвор на СЈО, особено она што го слушнав на прес конференцијата. Ако е точно дека судот предлогот за притвор не го прифатил заради „видливо заболување“ (на Едмонд Темелко), тогаш ова е најблаго речено шокантно. Најверојатно судот во меѓувреме се стекнал со дополнителни познавања од медицината, бидејќи претходно, во случајот на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, видливото заболување не важеше.

Имено при приведувањето на Петрески доставена е медицинска документација на судијата за претходна постапка и јавниот обвинител. На мое барање, Петрески ја подигна ногавицата за лично да се уверат во каква состојба е неговата нога (целосно модра потколеница, со секрет од раните), а исто така приложена беше и терапија по шема, мислење и барање консултација за евентуална ампутација.

Отворено реагирав кон судот и обвинителството, со зборовите: „Зарем овој човек ќе го праќате во Шутка“. Од судот ми одговорија: „Па колега јас не сум доктор. Во затвор има доктор кој ќе му пружи медицинска нега“.

sud (3)

Да потсетиме на „Пајажина“, кога во притвор заврши жена со проблематична бременост и која во притвор го изгуби плодот, и уште многу случаи во изминатиов период.

Тоа и беше причината кај мене да се јави очекување дека за овие кривични дела и за вака структурирана група, предлогот за притвор ќе биде прифатен.

За воља на вистината, јас во својата кариера секогаш сум бил противник на мерката притвор, а тоа ќе останам и понатаму. Ме загрижува само тоа што не знам што е тоа што го „прекрши“ судот за да не ја почитува досегашната пракса, не ги почитува своите претходни ставови. Дали тоа отворено покажување дека сите претходни притвори, определени од истиот суд, биле грешка и дека сега почнува нова ера во судството!??

Адвокат Мирослав Вуиќ

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести