На Тодора му викам: Често патуваш кај пријателите во Пустец и си се трескал по патот Битола-Ресен, ете каде да донираш

Веќе долго време ,Ние ,граѓаните на Ресен читаме за донации,и како пустиник кој халуцинира и гледа оаза сред пустина,како гладен од Етиопија кој како фатаморгана гледа сомун леб,почнуваме да сонуваме за донации.
Еве утрово ги сонувам Тодор ,Коце и персоналот од Здружението за духовно обединување на Сетинци,Попадинци и Крушоради(Лерин) како си разговараат за што и кому ќе донираат во иднина.Тодор се фали со Бутел,Коце вика зел донација од Владата за барокните фасади во Скопје,а овие од здружението дури и не се сеќаваат за колку мртовци донирале.И викаат ќе има уште,ама не знаат кому и за што да донираат,чунки дисаѓите со пари за донации се полни.
И му викам во сонот:-Луѓе бре,знам дека Скопје е две третини од Македонија,ама што со другата третина.И овде живеат луѓе!И продолжувам:-Ич да не Ве мачат дилеми каде да донирате во иднина!
На Тодора му викам:- Често патуваш кај пријателите во Пустец (претпоставувам преку граничен премин Стење)и си се трескал по патот Битола-Ресен?!Нели ќе ти е поудобно да патуваш по рамен пат(оној експресниот што го сонува и Мисајловски)?Ете ти идеја за донација,ем од донацијата ќе имаат бенефит сите граѓани на РМ кои патуваат наваму,ем ние ресенчаните,ем пријателите од Мала Преспа .Чиста десетка идеја!
Коце го прашувам :Како бре тоа Владата од нашите пари ти донира тебе за барокни фасади по Скопје,без рефердумско изјаснување и без наша дозвола?Не ги собра Владата парите на бавча.Ете му викам,за Ресен е хитно неопходен нов водовод.На секој три метра пукаат цевки на стариот цевковод.Тротоарите се со жолти траки обиколени.Плус со усул ако одиш накај Бакрачески,да не се опниш во некоја дупка по темница кога поминуваш низ Јанковец.Затоа аман,откажи се од барокните фасади и пренасочете ги парите за водоводот во Ресен.

Овие од Здружението од Сетинци,Попадинци и Крушоради,па ич не ми се јасни.Владата им донира,за тие да донираат.Ама штом донираат,а ние и битолчани сме им најблиски по линија на Лерин им препорачувам,или за Битола или за Ресен да донираат.
Еве за Ресен најургентна е потребата да им се исплатат јаболката на оние што ги складираа во шеитската инвестиција ,,Аплле Ланд,,,а ги откупуваше некој фраер од Србија(кој должел и таму),ама овде беше најавуван ко Исус од Назарет да стигнал.И толку.
Скромни сме ние од Преспа.Се задржуваме само на приоритети.Споменици не ни требаат(нема кој да ги гледа),барок не сакаме(си имаме Сарај во неокласицизам).
Затоа кога веќе донирате,донирајте со ум!

Фејсбук статус на Дивна Јовковска Ефтимовска

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести