Силата е во народот

 

– Медиумите немаше да бидат тоа што се денес, ако како народ жестоко реагиравме кога го апсеа Велија и ја затвараа А1.
– Стравот кај поединците немаше да постои, ако реагиравме жестоко кога го апсеа Љубе, кој уште е во зандана и ден-денес, за наместен случај. Оти неговите не му ја простија коалицијата со СДСМ, и се плашеа да не ја обелодени изборната измама на режимот, а некои други не му ја заборавија љубовта политичка со неговото ВМРО- дпмне.
-Ако ние битолчаните не излезевме жестоко да реагираме 2000 луѓе во Битола, по улиците, пред судот и пред затворот, со свирежи, транспаренти, блузи, и гласни пароли, кој знае дали ќе беа ослободени од притвор Душко млекарот, брат му и татко му, заради коровот покрај нивата што раснел. Можеби и во затвор со пресуда да завршеше како илјадници невино притворени и заборавени со години.
– Ако како народ и ако фелата негова не го креневме својот глас и не реагиравме жестоко за новинарот Кежаровски, кој знае каде ќе беше денес. А помина низ голгота, низ притвори и нечовечки затворски услови, за напишан збор.
– Ако ителектуалците во Македонија беа погласни, немаше да бидат денес вака заплашени и замолчени во судството, образованието и здравството.
– Немаше ни режимот да биде денес на колена, ако не беше Проектот Вистината За Македонија и храброста, одлучноста и решителноста на Зоран Заев да издржи до крај.
Затоа што СТРАВОТ е страшен, само за оној кој му се плаши, убаво рекол Петре М. Андреевски.

Фејсбук статус на Наташа Струмениковска

Најнови вести

Најново од Ракурс