Протест на млекопроизводителите од Могила

Млекопроизводителите од Могила, кооперанти на „Бимилк“, денеска излегоа на предупрeдувачки протест,  револтирани затоа што  битолската млекарницата ги намалила откупните цени на литар  сурово млеко за 2 до 3 денари.  За промената на  цената   дознале откако  го предале млекото и ги добиле пресметките за минатиот  месец.  Тврдат дека претходно не биле известени.

-Очекуваме да  ја вратат цената како што беше претходно. Не гледам причина за намалување, ако е веќе намалена нека се намали цената и  во маркетите. Таму  останува 50-60 денари. Не знам зошто откупната цена е 17 денари. Имаме екстра млеко, не познавам фармер што има лошо млеко, изјави Љубе Шурбевски, фармер.

-Цената на суровото  млеко  во Европа расте, а ние имаме намалалување. Ако сакаат европска цена, да потпишеме и европски договори. Кога сакаат цената ја уриваат, без наше знаење, рече Борче Бучински, фармер.

Од битолската мнлекарница  велат дека не станува збор за намалување,  туку нивелирање на цената на суровото млеко според квалитет во согласност со европските директиви, за што  тврдат дека ги известиле кооперантитепред неколку месеци.  Во наредниот период  Бимилк ќе изработи и  нов ценовник и ќе го достави до фармерите.

-Секој фармер што има намера да предаде млеко во овластени млекарници , до 2019 година ќе мора да го постигне најмалку европскиот квалитет. Отаму е и определбата на битолската Млекара да го плати млекото онолку колку што  треба, дури да ја плати и европската цена , но само доколку млектот ги исполнува сите параметри кои што  се одредени со правилникот, рече Драган Илиевски, директор  за контрола на млеко во “Бимилк“

Пелагониските фармерите бараат битолска млекарница  да го  исплаќа откупеното млеко  според догворите, во спротивно, најавуваат радикализирање на протестите, а млекото велат ќе продаваат во други млекарници.

Извор: Телма

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести