Бeјли и Орав се во право: не се (се уште!) исполнети сите услови за фер и демократски избори!
Меѓутоа, суштината на проблемот е во тоа што тие одбиваат да го соопштат како категоричен став на САД односно на ЕУ: исполнети се, што се однесува до власта, сите услови за извршување на смртната казна врз Македонија по пат на бесење на јажето на криминалните избори! Нека тука да го споменеме само овластувањето што му е делегирано на таканаречениот претседател да ги помилува и најодвратните изборни свињарии!
Во вакви драматични моменти нема да ни биде туѓо ако му се препуштиме на автоцинизмот и ако кажеме дека нема да ни биде криво ако Америка и Европа застанат зад таа пресуда и присуствуваат на егзекуцијата, но ќе ни биде мака и нема да им простиме што ја препуштиле оваа наивна, незрела, пифтиеста, смотана, но, сепак, симпатична питомина, на волјата на најпримитивните злосторници. Се разбира, нема да си простиме и на себе! Пред се на себе си зашто со малку повеќе кураж можеме и без помошта на светот да го скинеме тоа јаже со заби и да им го запалиме во смрдливите шупаци на чипираните идиоти!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


