Соопштение од кабинетот на Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски:
На барање на потрошувачите и на домашните производители на раноградинарски производи, кои реагираат на квалитетните својства на увезените градинарски производи, денеска доставивме примерок од увоз на краставици до Државната фитосанитарна лабораторија за да се испита присуство на пестициди.
-Согласно информациите кои ги добивме од терен за сомнителниот квалитет на краставиците од увоз, денеска однесовме примерок во Државната фитосанитарна лабораторија. По извршената анализа и по добиените резултати во рок од 48 часа ќе ја известиме јавноста за потеклото и исправноста на примерокот од предадената мостра – вели Томе Мојсовски советник во кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Што се однесува до раноградинарските производи од домашно производство, потенцираме дека тие согласно закон се контролираат од самиот почеток на производството во оранжериите до ставањето во промет.


