Нашите умови на сејшелските острови

Денес се спуштив во градот и на првиот што наидов, исто како да сум нагазил на мина. Најнапред се направив наглув, и почнав да се вадам, дека не сум го доразбрал поради големата бучава, од која сетилата за слух ми се одвикнале. Но тој е упорно рогат, како да е од обвинителскиот тим на Ушковски. Ме прашува, дали ми е познато кај е народов. Не е време за годишни одмори, а него се помалку го има. Мислеше на ФБ.

 

Да му речам дека се на Сејшелските Острови со сите четири во вис, ќе знаеше дека е наивно, та дури безобразно фрлање прашина во очи. Да му кажам дека академиците се дале на задлабочена научна и уметничка работа, ќе удри на смеа. Да му прошепнам дека писателите се фрлиле на творештво за да ги фатат термините за наградата за поема ,,Григор Прличев,, или дека трескавично ги завршуваат последните страници за до фатат терминот за Романот на годината на ,,Утрински,, па немаат време за општествените ,,дребулии,, беше видливо дека ќе ме направи бербат, зашто знае човекот – сите тие наши пера со нобеловско величие не денгубат за ништо што е подолу од Пулицеровото одличие или од Државната пензија.

Само што не ме крсти со мрсна пцост и повторно ми се нафрли со истото прашање : ,,Каде се нашите умови, писателските легенди, сликарските волшебници, професорситете генијалци, нивните екселениции со бели ракавици. Село гори, а тие со чешелот в рака”.

Како да го разубедам дека сите тие од предолго чешлање веќе немаат ниту влакно на темето. Ама, дај боже да им е само таа фалинка во главите.

Свртев малку на шега, па му велам, утешително, дека не треба да паничи, селата одамна ни се изгорени и обезнародени, градот, пак, ни е се попразен. Остави ги спокојно да се дочешлаат.

,,Токму тоа ме загрижува и затоа те прашувам пријателе- каде се сите тие национални величини-академици, писатели, сликари, амбасадори, бивши политичари. Ако ги сретнеш, прене си им да одат ако сакаат и во мајчината, та дури и подалеку од Сејшелите. Туку, тие дремливи балкански панди зарем не гледаат дека Рапубликата ни е во пламен!”.

Не е баш така, сакав да изустам, и да му речам дека на ФБ ги гледаме често нив и како ревносно ги постираат нивните семејни албуми од кои се осведочуваме, какви национални реликвии сме имале. Без да бидеме свесни за тој умствен капитал. Ама се присетив на нивната девиза дека молчењето е злато и замолкнав.

Бошко Нацевски – Фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс