Вие на кафиња и журки, а Заев со панцир излегуваше од штабот

Од оваа перспектива гледано и можда не е толку страшно тоа што се деси вчера. Главите се оладија, сабота е, убав ден (додуша може и бољи да е), нека се отвори сега дебата за историската улога на Заев и луѓето околу него изминативе година и нешто у целава оваа калакурница. Нека се запрашаат шупаците што не ги сакаат првите луѓе од опозицијата да се на протест, па и да ги предводат, како се стигна тука, кој пат требаше да се изоди, у каква улога се доведе он, а и неговото семејство, додека вие со пуканки дома гледавте стрим од бомбите. Да се отвори дебата шо праевте вие деновите кога курирците вадеа секакви гадости за неговата малолетна ќерка и он мораше да се носи со тоа, пошто причата беше многу покрупна од таквите срања. Да се запрашате дали ви беше удобна перницата дома, дур он мораше да спие во партиските канцеларии ко скитник ради заканите кои постоеа. Дали ви беше ок, коа искачавте на кафиња и журки, додека он мораше на секое искачање од штабот панцир да облака. Преку стапот више од дистанцирања, фемкања и курајбери што не знаат што сакаат. Секој што мисли дека рушењето на режимов ќе се деси без активно учество и организација од СДСМ, или е наивен или свесно одработува за режимот. Викенд е, размислете што правите и помирете се со фактот дека Заев е тој што го доведе режимот на колена. Неговото место во историјата е загарантирано, глејте и вашето да си го одработите.

Фејсбук статус на Војкан Крстевски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести