(ВИДЕО) Николовски до вработените во МЗШВ: Притисок и закани врз земјоделците не смеете да правите, ќе одговарате!

 

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска обвини дека преку Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со седиште во Битола, функционерите на Никола Груевски, спротивно од законот, правеле своевиден попис кај земјоделците.

– Директорот на оваа Агенција дал писмени инструкции, повторувам надвор од законот, до советниците да одат на терен и да почнат да прибираат податоци од земјоделците за целокупната нивна имотна состојба, и тоа почнувајки од лични контакти, телефонски броеви, што работат, што произведуваат и какви им се плановите. По налог на директорот советниците ги прибираат и сите податоци за земјоделските производители, поврзани со апликации за земјоделски субвенции и други програми на владaта како и за земјоделска земја под закуп. Еве докази. Овие податоци потоа се злоупотребуваат за најдиректни закани и уцени до земјоделците. Барам оваа незаконска активност веднаш да престане – рече Николовски.

Тој им порача на земјоделците да не подлегнуваат на ваквите притисоци.

– Тука сум да ги заштитам нивните интереси. Субвенциите се државна мерка, а не партиска и тие пари на земјоделците им се обезбедени со закон. Упатувам и една порака до функционерите на Никола Груевски и сите вработени во Министерството за земјоделство: притисок и закани врз земјоделците не смеете да правите, ќе одговарате – рече дополнителниот заменик министер за земјоделство.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести