Улицата наскоро ќе тропне на секоја врата

Постојат луѓе што сеуште живеат во паралелен универзум. Мислат дека, ако се во својот свет, се надвор од случувањата на улица. Мислат дека тоа нив нема да ги стаса, зашто не се дел од тоа. Вечерва увидов во колкава заблуда се. Улицата наскоро ќе им тропне на врата. Тоа што сте дома и слатко одмарате пиејќи си кафе или си терате ќеф, нема да ве одвои и спаси од вртлогот. Цунами знаете како изгледа? Епа ова е нешто слично. Луѓето што се на улица го гледаат веќе долго време, се обидуваат да ве повикаат за да се солидаризираме и да ја ублажиме катастрофата, зашто тоа е единствен начин. Мојот ФБ го вратив токму заради тоа и служи најмногу за тоа. Во оваа смрдлива дупка со гнасотии како МРТВ, Сител, Канал 5, на мојот ФБ се обидувам да го артикулирам она што малиот и заборавен човек го мисли и чувствува, а се плаши да го каже. Впрочем и многу други (јавни и познати) личности го прават истото. Драги мои пријатели, не постои повеќе паралелен свет каде било кој од нас би можел да избега и да се сокрие од вистината, за жал. Најмалку на ФБ. Мислам дека денес на сите ни мина таква мисла низ глава.

Фејсбук статус на Синоличка Трпкова

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести