Ако сега не се спротиставиме, на списоците може да се најде името на секој од нас

Бриф.мк/Илин Николовски

Во ситуација кога некој диктатор почнува да ги лишува од слобода граѓаните кои се обидуваат да воспостават демокератија има неколку можни начини на справување со ситуацијата:
1. Пасивен отпор (може да се направи со самопријавување на сите учесници во демонстрациите, со седење пред куќите на тие кои треба да бидат приведени, со блокирање на приодите до судовите и полициските станици каде што треба да бидат однесени, седење пред домовите на јавните обвинители и судиите кои учествуваат во прогонот, бел штрајк на сите буџетари…)
2. Активен отпор (граѓанско апсење на сите претставници на власта кои ги аболицираше Ѓорѓе Иванов, окупирање на институции, хакирање на интернет страните на сите учесници во прогонот и посебно на медиумите кои го поддржуваат, продолжување на протестите со зголемен интензитет и зголемен број активности истоветни или слични на оние заради кои се лишени од слобода некои луѓе, …)
3. Подваријанта на активниот отпор се партизански активности (наместо активности со одередно време на делување и на конкретен простор, активности на секое место поврзано со власта и во секое време)
4. Сеопшт повик до сите граѓани на Македонија за блокирање на работата на сите државни институции.

На списоците за прогон се имињата на луѓето со кои заедно протестираме.

Ако сега не се спротиставиме, на списоците може да се најде името на секој од нас.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести